Во првиот меч од 33. коло на англиската Премиер лига, на ,,Емирати”, силите ги одмерија Арсенал и Евертон.
Имено, Евертон славеше со минимални 0-1 што воедно претставува негова прва победа на гостински терен над Арсенал после 25 години.
Воедно, ,,Карамелите” остварија две победи во една сезона над ,,Топџиите” уште од 1985/86.
Единствениот погодок падна во 76. минута, кога голманот на Арсенал, Бернд Лено, комично ја внесе топката упатена од Ришарлисон во својот гол.
Дваесет минути претходно, беше досуден пенал за Арсенал, но поради минимален офсајд, одлуката беше променета.
Со новите три поени, Евертон остана на осмата позиција, додека Арсенал го зазема деветтото место.
📸 James Williamson – AMA/Getty Images



