По третпат на трите овосезонски средби, Колумбус Блу Џекетс успеаја да освојат бод против Тампа Беј Лајтнинг.
Имено, актуелните шампиони синоќа го доживеаја вториот меѓусебен пораз во низа, откако Блу Џекетс славеа со 1-3.
Победничкиот состав, веќе после четириесет минути игра, стекна капитална предност од 0-2, откако Оливер Бјоркстранд и Дејвид Савард ја затресоа мрежата на Куртис МекЕлини.
Во третиот период и двете екипи постигнаа по еден гол, односно Матје Џозеф стрелаше за Лајтнинг, а Кем Еткинсон за Блу Џекетс.
На табелата на Централната дивизија, Тампа Беј остана врвот, додека Колумбус е шестопласиран.
📸 Scott Audette/NHLI via Getty Images