
Со синоќешната победа од убедливи 6-0, Колорадо Аваланш дојде до четвртиот врзан триумф над Сан Хозе Шаркс.
На мечот, Шаркс упатија само тринаесет шутеви, кои беа целосно запрени од Александар Георгиев за петтиот овосезонски шут-аут.
Од неговите соиграчи, во листата на стрелците влегоа шест различни хокеари, односно Кејл Макар, Нејтан МекКинон, Мико Рантанен, Валери Ничушкин, Денис Малгин и Артури Лехконен.
Во Западната конференција, Колорадо скокна на седмото место, оставајќи го Сан Хозе на петнаесеттата позиција.