Колорадо Аваланш го искористија домашниот терен со ограничена публика и поведоа со вкупни 1-0 против Ст. Луис Блус.
Имено, во првиот меч од нивната меѓусебна осмина-финална серија, Колорадо славеше со 4-1.
После првите две третини, резултатот гласеше 1-1, откако Кејл Макар стрелаше за домаќините, а Џордан Кајру за гостите.
Во последниот период, Нејтан МекКинон двапати ја затресе противничката мрежа, а Габриел Ландеског, освен еден погодок, запиша и две асистенции.
Наредниот меч е закажан за задутре и ќе биде одигран на истиот терен, односно во ,,Бол Арена” среде Денвер.
📸 Justin Edmonds/Getty Images