Синоќа, Колорадо Аваланш поврзаа две победи, славејќи со 6-2 над Сан Хозе Шаркс.
На мечот, гостите од Калифорнија поведоа со 0-1 во четвртата минута со шестиот гол во сезоната на Логан Кутур.
Во продолжение, Аваланш постигнаа по два гола во секоја третина, односно после четириесет минути игра водеа со 4-1 преку Девон Тјус, Назем Кадри, Алекс Њухук и Логан О’Конор.
Во средината на третиот период, Александер Балабанов искористи пауер-плеј ситуација за намалување на 4-2, а конечниот резултат го поставија Андре Бураковски и Самуел Жирар.
Со новите два поени, Колорадо се искачи на единаесеттото место во Западната конференција, додека Сан Хозе ја држи десеттата позиција.