
Колингвуд Мегпајс им приредија нов ,,инфаркт” на своите навивачи во 21. коло од АФЛ, поразувајќи ги Мелбурн Демонс во трилер-натпревар со (13.11) 89-96 (15.6).
Имено, ,,Страчките” дојдоа до единаесеттата победа во низа, односно до четвртата по ред, која беше освоена во самиот финиш.
Во поголемиот дел од мечот, актуелните шампиони имаа двоцифрена предност на своја страна, но Колингвуд дојде до пресврт пред сè поради фантастичниот притисок и пресинг во второто полувреме.
Седум поени за победничкиот состав запиша Брејди Мајочек, а по четири гола постигнаа одличните Џејми Елиот (4.0) и Еш Џонсон (4.0).
Кај Демонс, Клејтон Оливер, иако немаше поени, покажа најголема борбеност на теренот, а двоцифрен учинок имаа само Бен Браун (2.1) и Бејли Фритч (2.1).
На табелата, Колингвуд се израмни со лидерите Џилонг Кетс на врвот, но има натпревар повеќе, притоа спуштајќи го Мелбурн на третата позиција.