Еден од најпопуларните голф турнири во ПГА Тур наречен Феникс Опен, основан уште во 1932 година, беше одржан во текот на изминатиот викенд.
На него, до осмата ПГА победа во кариерата стигна Брукс Коепка со вкупен резултат од (-19). За Американецот, ова е прв триумф после 28 јули 2019, кога славеше на Ст. Џуд Инвитејшонал.
После третиот ден, водечки беше Џордан Спит, кој постави личен рекорд со (-10) освоени поени во еден ден. Сепак, поранешниот играч број еден потфрли во текот на последниот ден, губејќи еден поен и завршувајќи на четвртото место.
Од друга страна, со учинок од (-18), второто место го поделија Кореецот Ли Кјонг-Хун и Американецот Ксандер Шофеле. Токму Шофеле имаше шанса да се бори за победата во дополнителен плејоф со Коепка, доколку ја искористеше шансата за ,,игл” во завршницата.
📸 Mike Ehrmann/Getty Images