
Официјално, од наредната сезона, новиот назив на Кливленд Индијанс ќе биде Кливленд Гардијанс, поради фактот дека сè уште актуелниот прекар има доза на расизам.
Сепак, претставниците на Охајо ја искористија последната прилика за славење над Тампа Беј Рејс со сегашното име.
Имено, Индијанс ги поразија актуелните вицешампиони со 3-2 и на тој начин го остварија првиот меѓусебен триумф после 25 мај 2019, односно после единаесет врзани победи на Рејс.
Тампа Беј водеше двапати на оваа средба, преку освоените четири бази на Ренди Арозарена во првиот и преку хоум-ранот на Нелсон Круз во шестиот ининг.
Од друга страна, Цезар Хернандез постигна хоум-ран и освои четири бази за двојно израмнување на Кливленд, а пресвртот го комплетираше Амед Росарио.
Со првиот пораз после петте победи, Рејс (60-40) паднаа на третото место во Американската лига, додека Индијанс (49-48) ја заземаат деветтата позиција.