
ЛА Клиперс дојдоа до петтиот пораз во низа, откако синоќа беа декласирани на домашен терен од Филаделфија 76ерс со 97-122.
Претставниците на Лос Анџелес го започнаа мечот со серија од 5-0, но до крајот на првата четвртина губеа со 19-35 и не успеаја повторно да се вратат во водство.
Од победничките редови, дабл-дабл запишаа Џејмс Харден (29 поени и 15 скокови) и Џоел Ембиид (27 поени и 10 скокови).
На спротивната страна, во отсуство на Каваи Ленард и на Пол Џорџ, најефикасни беа Амир Кофи и Ајзеа Хартенштајн со 21, односно со 16 кошеви.
На Истокот, Филаделфија (46-27) го дели второто место со Милвоки Бакс, додека Клиперс (36-39) се осми во Западната конференција.