Во рамките на синоќешната НБА програма, во дербито на Калифорнија се соочија ЛА Клиперс и Сакраменто Кингс.
Во неизвесен меч, полн со возбуда и со пресврти, Сакраменто го победи фаворизираниот ривал со 110-113.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Де’Арон Фокс (Сакраменто) со 36 поени. Освен него, 22 поени додаде Бади Хилд, а дабл-дабл од 12 поени и од 10 скокови имаше Ришон Холмс.
Од играчите на Клиперс, Каваи Ленард (20 поени и 10 скокови) и Ивица Зубац (12 поени и 14 скокови) постигнаа дабл-дабл, а најефикасен беше Лу Вилијамс со 23 кошеви.
Со четвртиот триумф во низа, Сакраменто (12-11) дојде до прагот на плејоф-зоната, додека Клиперс (17-8) и понатаму остануваат на третото место на Западот.
📸 Katelyn Mulcahy/Getty Images



