
По третпат во низа на меѓусебните дуели во ,,Хонда Центар”, ЛА Кингс триумфираа над Анахајм Дакс во дербито на Калифорнија.
Имено, синоќа, претставниците на Лос Анџелес ги задржаа своите шанси за плејоф, откако ги надиграа своите ривали со 1-2.
Водство на ,,Кралевите” им донесе Адријан Кемпе на самиот старт на втората третина, а пет минути подоцна, Адам Енрик им донесе израмнување на домаќините.
Сепак, конечниот резултат го постави Филип Дано во првата минута од третиот период.
Во Западната конференција, ЛА Кингс се искачија на седмото место, додека Дакс ја заземаат дванаесеттата позиција.