Кил со фантастична игра во финалето на Лигата на Шампионите ја совлада непобедливата Барселона со 33-28. Прва фигура кај Кил денес беше голманот Ландин со 14 одбрани, а во нападот блескаа Екберг со 8 и Сагосен со 7 гола. Кај поразената Барселона се истакна крилото Абело со 10 гола.