Ќерката на Сергеј Самсоненко, младата Маша сними песна на македонски јазик со наслов „Дали ти ќе дознаеш“, на која како автор на музиката се потпишува Панче Касапски, текстот е Огнен Неделковски, а аранжманот и миксот ги изработил Лазар Цветковски. Спотот е снимен на неколку локации на кој како режисер се јавува Даниел Јовески.