
НК Каубојс и Њукасл Најтс го отворија единаесеттото коло од тековната НРЛ сезона.
Нивниот меч заврши со резултат од 36-20 во корист на Каубојс, кои влегоа во плејоф-зоната.
Имено, натпреварот беше составен од три резултатски серии.
Најпрво, ,,Каубоите” поведоа со 16-0 по што следуваше серија од 20-0 на Најтс, за домашниот состав во второто полувреме да дојде до конечниот резултат со нова низа од 20-0.
Од редовите на победничкиот состав, Валентин Холмс имаше еден есеј (59′) и 4/7 конверзии, а во листата на поентерите се запишаа уште Мареј Таулаги (6′, 17′, 52′), Рис Робсон (10′), Митчел Дан (69′) и Хеилум Луки (76′).
Кај Најтс, полагања постигнаа Сауасо Су (23′), Енари Туала (27′), Лахлан Фитцгибон (30′) и Старфорд То’а (46′), а по еднаш конвертираа Митчел Барнет и Феникс Кросланд.
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, НК Каубојс се искачија на осмото место, додека Њукасл ја држи дванаесеттата позиција.



