
По четирите врзани меѓусебни победи во низа, Детроит Тигерс го доживеаја првиот пораз од Ст. Луис Кардиналс.
Имено, Кардиналс, синоќа, на домашен терен, ги поразија гостите од Мичиген со 3-2 после продолжение.
Со по еден поен во првиот и во третиот период, Ст. Луис стекна предност од 2-0, но Детроит израмни на 2-2 со поентирањата во петтиот и во деветтиот период.
За поразениот состав, по четири бази освоија два различни играчи, односно Дерек Хил и Мигел Кабрера.
На спротивната страна, сите три поени беа дело на Пол Голдшмидт, кој двапати постигна хоум-ран, а еднаш истрча до последната база.
Поразот на Детроит дефинитивно ќе беше доживеан во регуларниот дел од мечот, доколку фрлачот Тарик Скубал не освоеше одлични десет страјк-аути.
Во Националната лига, Кардиналс (64-61) го држат седмото место, додека Тигерс (61-67) се единаесетти во Американската лига.



