За првпат после сезоната 2001, Ст. Луис Кардиналс успеаја да направат серија од десет врзани победи.
Претставниците на Мисури, синоќа, ги поразија Милвоки Бруерс со 1-2, кои, откако обезбедија пласман во плејофот, загубија три последователни натпревари.
На ,,Американ Фемили Филд”, триесетилјадната публика, пред сè, уживаше во неверојатните фрлачки перформанси.
Имено, стартниот фрлач на домаќините, Брендон Вудраф, за шест ининзи, освои десет страјк-аути од вкупните тринаесет на својот тим.
На спротивната страна паднаа дванаесет страјк-аути, а пет од нив отидоа на контото на стартерот Џејк Вудфорд.
Од редовите на Кардиналс, Томи Едман и Ларс Нутбаар постигнаа поени, додека кај гостите, на семафорот се запиша само Џеки Бредли Џуниор.
На табелата на Националната лига, Милвоки (91-60) остана на третата позиција, додека Кардиналс (81-69) скокнаа на четвртото место.