Тампа Беј Лајтнинг се пласираа во третото финале во низа, откако ги елиминираа Њујорк Ренџерс со вкупни 4-2.
На шестиот натпревар, одигран во Флорида, актуелните шампиони ги поразија ,,Ренџерите” со резултат од 2-1.
Во втората третина, капитенот, односно Канаѓанецот со македонско потекло, Стивен Стамкос, стрелаше за 1-0 во корист на Тампа.
На седум минути пред крајот, Френк Ватрано израмни на 1-1, а само дваесет секунди подоцна, со вториот гол на мечот, Стамкос ги однесе Лајтнинг во финале.
Во најважниот дуел во сезоната, Тампа Беј ќе ги одмери силите со Колорадо Аваланш, кои ги совладаа Едмонтон Оилерс со 4-0.