
Во рамките на денешната програма од финската хокеарска Лиига, КалПа ја оправда фаворитската улога и го совлада составот на СаиПа со 0-3.
За гостите од Куопио, ова беше петта победа на последните шест средби, додека домаќините загубија по осумнаесетти пат на деветнаесет мечеви.
По еден гол за победничкиот состав постигнаа Оливер Капанен во првата, Матјаш Кантнер во втората и Јаако Рисанен во третата третина.
Нивниот голман, Јуха Јаткола, ја зачува својата мрежа по петти пат сезонава, одбранувајќи ги сите седум противнички шутеви.
На табелата, СаиПа остана на самото дно, додека КалПа ја зазема петтата позиција.