Јута Џез поведоа со вкупни 1-0 во четврт-финалната серија против ЛА Клиперс, откако синоќа славеа со 112-109.
Во првото полувреме, Клиперс беа поубедлив тим, но ситуацијата се смени при крајот на третата четвртина, кога Јута ја презеде контролата.
Неверојатна партија за Јута одигра Донован Митчел со 45 поени, а дабл-дабл учинок забележа Руди Гобер (10 поени и 12 скокови).
Кај Клиперс, најефикасен со 23 кошеви беше Каваи Ленард, а Пол Џорџ имаше 20 поени и 10 скокови.