
Голден Стејт Вориорс запишаа девет последователни победи, а првиот тим што им застана на патот беше Јута Џез, кој синоќа триумфираше со 111-85.
Вориорс го започнаа мечот со серија од 13-0, а веќе во третата четвртина губеа со двоцифрена разлика.
Од редовите на Јута, дабл-дабл постигна Донован Митчел (14 поени и 10 скокови), а најефикасен со 23 поени беше Бојан Богдановиќ.
Од противничкиот табор, најрасположени во нападот беа Џордан Пул и Стеф Кари со 18, односно со 16 кошеви.
Во Западната конференција, Јута (34-31) остана на четвртата, а Голден Стејт (41-14) на втората позиција.