Денвер Нагетс ја изборија третата меѓусебна победа во низа над Мајами Хит во рамките на НБА, откако синоќа славеа со 113-96.
Единствените водства на Мајами беа на самиот старт (9-10 и 11-12), а во продолжение, започнувајќи од втората четвртина, Нагетс поседуваа двоцифрена предност.
Од победничкиот состав, најефикасен со 25 поени беше Вил Бартон, а одличен меч одигра и Никола Јокиќ.
Србинот забележа трипл-дабл учинок од 23 поени, од 15 скокови и од 10 асистенции, притоа стрелајќи 10/14 од игра (71,4%) и запишувајќи по две украдени топки и блокади.
Сепак, Јокиќ, на две и пол минути пред крајот, имаше физички контакт со Маркиф Морис што предизвика огромно незадоволство кај Џими Батлер.
На спротивната страна, токму Батлер уфрли 31 кош, а дабл-дабл со 10 поени и со 10 скокови направи Бам Адебајо.
На Истокот и покрај поразот, Мајами (7-3) го држи второто место, додека Денвер (6-4) е петтопласиран на Западот.