
Екипата на Јокерит од Хелсинки дојде до втората победа во низа, откако денес го совлада Витјаз Подолск со 2-3.
Финските претставници го свртеа мечот во своја корист уште во првата третина, после која водеа со 0-3.
Стрелци за гостите на овој дуел беа Ханес Бјорнинен, Томи Кивисто и Филип Холм.
На стартот на вториот дел, Витјаз направи промена на голманската позиција, односно наместо Максим Клоберданец, влезе Игор Саприкин.
Русинот ги одбрани сите дваесет и четири удари кон неговиот гол во втората и во третата третина, но неговите соиграчи успеаја само двапати да ја затресат мрежата на Јане Јувонен преку Кирил Расказов и Нико Ојамаки.
За тренерот на ,,Џокерите”, Лаури Марјамаки, ова беше 128. победа во КХЛ што го прави најтрофеен фински селектор во постоењето на континенталната лига.
Јокерит и понатаму љубоморно ја чува првата позиција на Западот, додека Витјаз го зазема претпоследното место.



