По вторпат во тековната КХЛ сезона, Јокерит триумфираше над Барис Нур-Султан во меч со пет голови, откако денес славеше со 1-4.
Во првата третина, казахстанските претставници оставија подобар впечаток, но Јокерит беше тимот, кој отиде на првата пауза со предност од 0-2, благодарение на Кале Косила и на Никлас Јенсен.
Веќе после четириесет минути игра, Финците ја крунисаа доминацијата во вториот период со уште еден погодок на Јенсен, односно со водство од 0-3.
На влезот во завршниот дел од натпреварот, Никита Михаилис погоди за 1-3, а конечниот резултат го постави Марко Антила во последната минута.
Со новите два поени, Јокерит се израмни на првото место на Западот со СКА Ст. Петербург, а Барис е седми во Источната конференција.