Во пресрет на меѓусебниот синоќешен дуел, Атланта Брејвс и Њујорк Јенкис имаа по девет победи во низа.
Имено, нивниот дуел беше само трет во историјата и прв после 120 години во кој и двете екипи имале серија од 9+ триумфи.
Претходните две пресметки датираат од 13 септември 1884, кога се соочиле Вашингтон Нешоналс (11) и Ст. Луис Марунс (12), односно од 7 септември 1901, кога силите ги одмериле Питсбург Пиратес (10) и Филаделфија Филис (9).
Синоќа, низата на Атланта беше прекината, откако домаќините од Џорџија загубија со 1-5.
Сè до шестиот период, резултатот беше изедначен на 1-1, а во продолжение, Јенкис забележаа по два поени во последните два парни ининзи.
За Брејвс, единствен поентер беше Дансби Свансон, кој го постигна својот 25. овосезонски хоум-ран.
На спротивната страна, на ист начин поентираше Џанкарло Стентон, а по четири бази освоија Ди Џеј ЛеМехју, Џои Гало (х2) и Арон Џаџ.
На табелата на Американската лига, Јенкис (73-52) го држат второто место, додека Атланта (68-57) е петтопласирана екипа во Националната лига.