По првите две средби од полуфиналната серија, Атланта Брејвс се здобија со предност од 2-0 над ЛА Доџерс.
Сепак, Доџерс синоќа намалија на 2-1, откако ги декласираа ривалите со 3-15.
Победниците ,,експлодираа” уште во првиот ининг, кога постигнаа неверојатни единаесет поени – најмногу во историјата во еден ининг од плејофот. На средината на третиот ининг, веќе беше 15-0, а до крајот, Брејвс успеаја да додадат само три поени, од кои, еден беше хоум-ран на Кристијан Паче.
Од играчите на Доџерс, петмина се запишаа во листата на стрелците со по еден хоум-ран: Џок Пидерсон, Едвин Риос, Макс Манси, Коди Белинџер и Кори Сигер.



