По трите врзани победи, екипата на Ипсвич го запиша првиот пораз во рамките на четиринаесеттото коло од англиската Лиг 1.
Имено, популарните ,,Трактор Бојс” загубија на домашен терен од Линколн до минимални 0-1.
Човек на одлуката, кога е во директно прашање резултатот,беше единствениот стрелец на мечот – Бен Хаус (24′).
Во текот на цел натпревар, иницијативата беше на страната на домашниот состав, кој упати неверојатни триесет и три шутеви, но без реализација.
На табелата, Ипсвич остана на второто место, додека Линколн скокна на тринаесеттото место.