Синоќа, Њујорк Јенкис дојдоа до петтата победа во низа, откако по вторпат во само два дена ги совладаа Чикаго Вајт Сокс.
Имено, претставниците на ,,Големото јаболко” ги добија ривалите од Илиноис со резултат од 7-0.
Јенкис, на овој меч, поентираа во четвртиот, во петтиот, во шестиот и во седмиот ининг, а на последните четири средби имаат поен-разлика од неверојатни 13-1.
За победничкиот состав, хоум-ран постигна само Мајк Форд, а по четири бази освоија Арон Џаџ, Џио Уршела, Глејбер Торес (х2), Лук Воит и Брет Гарднер.
Освен нив, од фрлачите се истакна и Герит Кол, кој освои седум страјк-аути за седум ининзи.
Непосредно по мечот, Вајт Сокс (26-18) го заземаа второто, а Јенкис (27-19) – третото место во Американската лига.