
Екипата на Илвес од Тампере ја запиша петтата победа во низа и изби на третото место на табелата на финската хокеарска Лиига.
Во рамките на денешната програма, Илвес славеше над второпласираните Пеликанс со 6-2 и им оневозможи преземање на првата позиција.
На мечот, домаќините водеа со 3-0, пред Ларс Бригман да погоди за ,,Пеликаните, по што следуваа уште три гола во мрежата на Јаспер Патрикаинен.
Имено, за победничкиот состав стрелаа пет различни хокеари, односно Лестер Ланкастер, Аку Рати, Јоона Иконен (х2), Јирки Јокипака и Томи Тика.
До крајот, за гостите од Лахти погоди уште Топијас Вилен, кој се запиша во листата на стрелците по седми пат сезонава.