
Екипата на Илвес дојде до седмата последователна победа, совладувајќи ја КалПа со 3-1.
Во втората третина, клубот од Тампере стекна предност од 2-0, благодарение на Кевин Чучман и на Матијас Мантикиви.
Во пресрет на третиот период, резултатска неизвесност донесе Ласе Лапалаинен, но во третиот дел, Јоона Иконен погоди за второ двојно водство на домаќините.
Голманот на победничкиот состав, Марек Лангхамер, имаше значајна улога во триумфот на својот тим со 30/31 одбранети шутеви (96,77%).
На табелата, Илвес скокна на второто, а КалПа остана на четвртото место.