Уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани, полека се привикнува на условите во Англија, на Инстаграм се пофали со снимка од неговото утринско чистење на снег од автомобилот, а тоа видео на социјалните мрежи го споделија и од неговиот клуб Манчестер Јунајтед.
Видеото на Кавани предизвика многу позитивни реакции. Кавани е познат по тоа што славата и парите не го сменија премногу, тој на Инстаграм објавува и снимки како коси трева, како молзи крави или како работи на нива. Не му беше под чест ниту да покаже дека си го чисти снегот од колата.