Кил ќе биде противник на Барселона во утрешното финале на машката ракометна Лига на шампиони. Германскиот тим вечерва во голема драма, по продолженија го совлада Веспрем со 36:35. Кил го доби првото полувреме со 18:13.
Со Фантастична серија на голови на унгарците и кога се чинеше дека Веспрем ќе слави, Кил на неверојатен начин се врати во живот со пет гола по ред, па во завршните три минути се влезе со 29:28. Унгарците изедначија на 29:29 и со тој резултат завршија регуларните 60 минути. Сагосен имаше прилика да му донесе победа на Кил, но Коралес одбрани, па мораше да се играат продолженија.
Во дополнителните 10 минути, Веспрем подобро почна и направи два гола предност, но Кил направи серија од 3-0 и славеше со 36-35. За Кил ова е седмо финале, прво по 2014 година.
Најефикасни поединци кај Кил беа Пекелер со 8 и Екберг со 7 гола. Кај Веспрем најефикасни беа Маргуч и Борозан со по 7 гола, а македонското крило Дејан Манасков даде 2 гола.