Македонскиот музичар и шоумен Игор Џамбазов ја промовираше својата нова песна „Дебела сенка“, за која музиката и текстот се негови, а аранжманот е на Гуру Харе и Мите Димовски.
Песната е снимена во Студиото на Мите Димовски, Тра-ла-ла во Скопје. Со одличен текст Игор ја доловува реалната слика на општеството и завршува со одлична порака ,,Македонијо! Прибери се!”