Во рамките на шестото коло од Серија А Милан ја продолжи пебедничката низа и го совлада Удинезе на нашиот Илија Несторовски со резултат од 1:2. При водечкиот гол на Милан асистент на голот беше Ибрахимовиќ, а стрелец Кеси, а победничкиот гол го постигна токму Златан Ибрахимовиќ во 83 минута кога гостите ги почасти со атрактивни ножички. За Ибракадабра ова беше негов седми гол во првенството и е прв на листата на стрелци.



