Ракометната женска репрезентација на Хрватска, ја совлада фаворизираната Романија со 25:20 и продолжи да реди изненадувања на Европското првенство кое се игра во Данска. Сега Хрватска има четири победи во четири меча на првенството. А пак Русија ја победи Црна Гора со минималец од 24:23. Црногорките го имаа последниот напад, но се сплеткаа, па Русија остана непоразена и лидер на табелата.



