Актуелниот европски првак Франција остана со максимален ефект на турнирот. Славеше минимална победа од 26:25 против Шпанија во рамки на првиот натпревар од Групата 1. Лакрабер со 5 голови најмногу се истакна кај Франција, додека Мартин имаше 9 голови за Шпанија.
Норвешка останува со максимален ефект на Европското првенство со победата против Холандија од 32:25 во првиот натпревар од главната фаза во Групата 2. Нора Мерк со 8 голови беше најефикасна кај победничкиот тим, додека кај Холандија најефикасна беше Малестин со 5 погодоци.



