
Иако беше потполен аутсајдер, екипата на Аризона Дајамондбекс двапати во низа ги совлада Сан Диего Падрес.
Синоќа, момците од Феникс триумфираа со резултат од 3-2 на својот ,,Чејс Филд” против гостите од Калифорнија.
Домаќините поведоа со 2-0, откако постигнаа по еден поен во вториот и во петтиот ининг, а со двете поентирања во седмиот период, Падрес израмнија на 2-2.
Најпрво, четири бази за Аризона освои Карсон Кели, а топката на трибините ја однесе Кетел Марте, додека за Сан Диего, хоум-ран постигна Вил Мајерс додека на базите стоеше Ерик Хосмер.
Во последниот период, со шестиот хоум-ран во сезоната, триумф на домаќините им донесе Долтон Варшо.
И покрај победата, Дајамондбекс (37-80) останаа на последната позиција во Националната лига, додека Падрес (66-52) го заземаат четвртото место.



