Последниот натпревар од првиот натпреварувачки ден по враќањето на Бундеслигата го одиграа Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах. Гостите стекнаа капитална предност уште во седмата минута, откако Аласан Плеа погоди после триесетина секунди игра, а на 0-2 зголеми Маркус Турам, синот на поранешниот француски фудбалер Лилијам Турам. Во 72. минута, Рами Бенсебаини, од пенал, зголеми на 0-3, а конечниот резултат од 1-3 го постави Андре Силва на девет минути пред крајот.
Шанса да ја запечати судбината на Франкфурт имаше Јонас Хофман, но неверојатната реакција на Мартин Хинтерегер го спаси домаќинот од дебакл.
Со оваа победа, Менхенгладбах изби на третото место на табелата, пред сè, поради ремито од 1-1 на Лајпциг против Фрајбург. ОД друга страна, Франкфурт ја зазема тринаесеттата позиција.