
Во бејзболот, ретка фрлачка појава е популарниот ,,ноу-хитер”, односно перфектен натпревар без ниедна допуштена база.
Во финалните серии, овој феномен се имаше случено само еднаш, кога Дон Ларсен фрлаше за Њујорк Јенкис во 1956.
Историјата се повтори и синоќа во четвртиот финален дуел, кога Хјустон Астрос славеа над Филаделфија Филис со 0-5 и израмнија на вкупни 2-2.
Во историјата на клубот од Тексас се запишаа вкупно четири фрлачи, односно Кристијан Хавиер, Брајан Абреу, Рафаел Монтеро и Рајан Пресли.
Што се однесува до удирачите, сите поени беа постигнати во петтиот ининг преку Чес МекКормик, Хозе Алтуве, Џереми Пења, Јордан Алварез и Алекс Брегман.