
Десеттото коло на англискиот Чемпионшип беше затворено со приградското дерби на вториот најголем англиски град.
Имено, ВБА на ,,Хоторнс” го угости тимот на Бирмингем, кој славеше со 2-3 и ја запиша првата меѓусебна победа после 2006 година.
Херој за номиналните гости беше Скот Хоган (14′, 54′, 72′), кој постигна хет-трик со единствените три шутеви во рамките на голот на Дејвид Батон.
За домашниот состав, на 1-1 израмни Џед Волас (23′), а конечниот резултат го постави Брендон Томас-Асанте (83′) од пенал.
Со новите три бода, Бирмингем, од претпоследното скокна на четиринаесеттото место, спуштајќи го ВБА на дваесеттата позиција.