По седумте порази во низа, Витјаз Подолск дојде до втората овосезонска победа, совладувајќи го Локомотив Јарослављ со 2-3.
Напаѓачки херој на гостинскиот состав беше воедно и нивниот најдобар стрелец, Нико Ојамаки, кој денес постигна два погодоци за 0-1, односно за 1-3.
Од неговите соиграчи, исто така стрелаше Александер Јаремчук, додека Даниел Одет запиша две асистенции.
Од редовите на Локомотив, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Артур Кајумов и Рушан Рафиков, а асистент и при двата голови беше Денис Алексејев.
Локомотив во потполност го надигра својот ривал, но на гостинскиот гол стоеше неверојатниот Илја Ежов, кој одбрани неверојатни 47/49 удари (95,92%) и ја запиша својата јубилејна 150. победа во КХЛ.
Од друга страна, победничкиот тим покажа висока ефикасност од 21,43%, откако погоди трипати од само четиринаесет шутеви.
Со новите два поени, Витјаз го презеде осмото место на Западот токму од денешниот ривал, кој се спушти на деветтата позиција.