Поради поразот од градскиот ривал Копенхаген во 30. коло, Брондби не успеа да го презеде водството во данската Суперлига и покрај киксот на Мидтјиланд.
Сепак, Мидтјиланд успеа да киксне и во 31. коло, губејќи токму од Копенхаген со 4-2.
Овој пат, Брондби го презеде првото место на само едно коло до крајот, откако одигра херојски против Орхус.
Имено, новиот лидер го порази Орхус на гостински терен со 1-2, иако имаше играч помалку од 35. минута, кога втор жолт картон доби Мортен Френдруп.
Најпрво, Микаел Уре (5′) му донесе водство на Брондби, а само шест минути подоцна, Каспер Хојер промаши пенал за Орхус.
Сепак, поради вториот жолт картон на горенаведениот Френдруп, домаќините добија уште еден пенал, кој беше успешно изведен од Патрик Олсен (38′).
Во продолжение, Орхус ја имаше целата контрола врз топката, но сепак успеа да прими уште еден гол во својата мрежа по грешката во одбраната.
По вторпат на мечот, односно по деветнаесетти пат во сезоната, најдобриот стрелец во лигата, Уре (73′) го постигна гол, кој накрај се покажа како победоносен.
Во пресрет на последното коло, Брондби е првопласиран со 58 поени, а потоа следуваат Мидтјиланд (57 поени) Копенхаген (55 поени) и Орхус (48 поени).
Последниот меч во лигата, Брондби ќе го одигра со Норшеланд, додека Мидтјиланд ќе се соочи со Орхус.