
После титулите од 2010 и од 2012, Хемпшир Хокс уште еднаш станаа шампиони на Виталити Бласт, односно на англиската лига во Т20 крикет.
Во големото финале, после огромна драма сè до последната топка, Хокс ги поразија Ленкашир Лајтнинг со 151/8 (20) – 152/8 (20).
Во првиот ининг, убедливо најдобар удирач на новите шампиони беше Бен МекДермот со 64 поени, а четири викети за Лајтнинг освои Мет Паркинсон.
Од фрлачите на Хокс, најдобри беа Џејмс Фулер (2-19) и Лиам Досон (2-23), додека како најефикасни за поразениот состав се покажаа Стивен Крофт (36) и Лук Велс (27).
Во текот на вчерашниот ден беа одиграни и полуфиналните дуели во кои Ленкашир славеше над Јоркшир, а Хемпшир над Сомерсет.