
,,Најлудиот” меч од седумнаесеттото коло на англиската Лиг 1 беше ремито од 4-4 помеѓу Чарлтон Атлетик и Ипсвич.
Во текот на натпреварот, Ипсвич двапати водеше со по два разлика, а домаќините успеваа да дојдат до израмнување.
Гледачите на ,,Вали Парејд” беа сведоци на неверојатен финиш, односно на дури четири погодоци во судиското продолжение.
За Чарлтон, во листата на стрелците се запишаа Џесурун Рак-Сакји (63′), Алби Морган (76′), Томас Терел (90+6′) и Џорџ Добсон (90+9′).
На спротивната страна, двапати двојно водство на ,,Трактор Бојс” им носеа Џорџ Едмундсон (45+3′), Тајрис Џон-Џулс (52′), Фреди Ладапо (90+1′) и Сами Морси (90+4′).
На табелата, Ипсвич остана на второто место, додека Чарлтон ја зазема деветтата позиција.




