
Во рамките на денешната програма од финската хокеарска Лиига, Хамеенлина го порази Луко со 4-0.
Домаќините дојдоа до триумфот со головите во првите 32 минути игра, кога стрелаа Мајкл Џоли, Еету Лиукас, Стив Мосес и Матијас Третенес.
Голманот на победничкиот состав, Сами Рајаниеми, имаше 27/27 одбрани за вториот шут-аут во тековната сезона.
И покрај поразот, Луко остана на лидерската позиција, додека Хамеенлина се наоѓа на десеттото место.