Во дербито, а воедно и последниот меч од 41. коло на англискиот Чемпионшип, Хадерсфилд го порази Лутон со 2-0.
За ,,Териерите”, ова беше прва меѓусебна победа после 3 мај 2008, односно прва на домашен терен после 29 септември 2007, која го расипа расположението на гостинските фанови по повод 137. роденден на Лутон.
Хадерсфилд ја имаше иницијативата во поголемиот дел од натпреварот и поведе во 59. минута со евроголот на продуктот од академијата на Челзи – Џонатан Расел.
Десет минути подоцна, гостите од околината на Лондон добија пенал, но непрецизно биеше Елајџа Адебајо.
Во самиот финиш, конечниот резултат го постави Мухамаду-Наби Сар (89′), кој погоди со глава по центаршутот од корнер на Сорба Томас.
На табелата и двете екипи се наоѓаат во плејоф-зоната со тоа што Хадерсфилд го зазема третото, а Лутон – петтото место.