Игор Атанасовски попознат на јавноста како Гуру Харе, има нова песна овој пат во соработка со Тања Тас пејачка на групата „Темпера“. Автор на музиката, текстот и аранжманот е самиот Гуру Харе, кој исто така ги свири сите гитари.
Песната се вика „Бројаница“ и е снимена и продуцирана во скопското студио „Тралала“ кај Мите Димовски кој ја потпишува музичката продукција на „Бројаница“. Тања Тас го направила видеото со кое е илустрирана оваа рок-блуз песна.