Во овогодинешното финале на регионот Конахт, Голвеј го порази Роскомон со резултат од (2-19) 25-22 (2-16).
Имено, за момците на Падрик Џојс, ова беше вкупно 47. провинциска титула и прва после 2018.
На мечот, новите прваци имаа целосна резултатска контрола и заслужено стигнаа до круната.
Најефикасни поединци од домашните редови беа Шејн Волш (1-06), Роб Финерти (0-05) и Патрик Кели (1-00).
Од друга страна, кај Роскомон, најрасположени во офанзивата беа Конор Кокс (0-05), Конор Дели (1-01) и Дермид Муртах (1-01).
На патот до финалето, Голвеј ги порази бранителот на титулата, Мејо и Леитрим, а Роскомон го елиминира Слајго.
Со новата титула, популарните ,,Трајбсмен” обезбедија четвртфинале на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, додека ,,Сино-жолтите” ќе играат во втората квалификациска рунда.