Евертон ќе игра во четвртфиналето од ФА Купот по големата победа од 5:4 против Тотенхем во сензационалниот натпревар кој се одигра во синиот дел од Ливерпул на стадионот ,,Гудисон Парк”.
Голеадата од девет погодоци заврши по 120 минути и припадна на составот кој го предводи Карло Анчелоти, а посакуваниот триумф го донесе Бернард во седмата минута од дополнителните 30 минути.