Во рамките на 13 коло од ракометната шпанска Асобал лига тимот на Синфин одигра реми со резултат од 32:32 против Бенидорм на полувреме беше 18:16. Репрезентативниот македонски лев бек, Дарко Димитриевски повторно беше најдобар и постигна 6 гола.
Димитриевски со Синфин се класифицира на позицијата број 12 и се оддалечува до опасната зона за испаѓање. Во наредно коло ривал ќе им биде тимот на Нава на гостински терен.