Екипите на Авангард Омск и на СКА Ст. Петербург одиграа неверојатен меч и го потврдија епитетот ,,дерби на денот”.
Домаќините од Омск, накрај, запишаа нова победа, петта сезонава за нив, со резултат од 4-3.
Авангард стекна навидум недостижна предност од 3-0 во првата третина со двата гола на Денис Зернов и едниот на Јиржи Секач.
Во вториот дел, гостите израмнија на 3-3, а стрелци беа Игор Ожиганов, Линден Веј и Антон Бурдасов. Бурдасов стана првиот играч во историјата што постигнал најмалку по еден гол на првите шест средби.
Победоносниот гол за Авангард го постигна Кирил Семјонов на почетокот на третата третина, во период кога неговиот тим беше со играч помалку.



